Сообраќајната несреќа се случила во 20:20 часот и оттогаш автопатот е затворен. Од МВР се уште нема официјални информации за несреќата

Сообраќајна несреќа вечерва е причина за затворање за сообраќај на автопатот од Штип за Скопје. Сообраќајната несреќа се случила во 20:20 часот и оттогаш автопатот е затворен, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.
„Поради сообраќајна несреќа, вечерва од 20:20 часот во прекин е сообраќајот по автопатот Штип – Скопје. Сообраќајот е пренасочен по стариот пат“,
се вели во соопштението од Авто-мото сојузот на Македонија.
Од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјални информации за несреќата и за состојбата на патниците.