Се формирале дури 10 ленти од возила со посетители кои се обидуваат да излезат и да дојдат до топол туш и кревет, пренесуваат американските медиуми
Организаторите на култниот фестивал „Брнинг мен“ во Невада вчера го отворија патот и им дозволија на илјадниците посетители да го напуштат кампот откако со денови беа заробени во кал.
Станува збор за фестивал кој се одржува во пустината Бек Рок, а поради обилните врнежи од петокот и саботата, пустинскиот песок се претвори во густа кал налик на глина низ кој беше речиси невозможно движењето. За околу 70 000 посетители влезовите беа затворени.
Посетители од вчера конечно можеа да заминат од кампот во пустината на што се решија илјадници од нив иако организаторите повикаа да останат уште една ноќ за да не се создаде сообраќаен метеж.
Сепак, сообраќајниот хаос беше неизбежен. Како што пренесуваат американските медиуми, се формирале дури 10 ленти од возила со посетители кои се обидуваат да излезат и да дојдат до топол туш и кревет.
Најблискиот автопат од местото во пустината каде што се наоѓа кампот за фестивалот е на оддалеченост од осум километри.
За потсетување, калта која со денови ги заробија посетители се создаде откако во период од 24 часа наврна дожд кој вообичаено паѓа за период од два до три месеци. Во хаосот што настана имаше и еден смртен случај за кој властите веднаш отворија истрага.