Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде од 9 до 18 степени, а максималната од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје се очекува претежно сончево време, со минимална температура до 14, а максималната до 33 степени.
УХМР најавува дека и утре ќе преовладува сончево време со свежо утро, а потопло преку денот.
Под влијание на влажен бран в понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура. Од вторник се очекува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер.