Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Наутро во котлините ќе има појава на магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се движи во интервал од минус четири до три Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во Скопје, како што информираат од УХМР, наутро ќе биде магливо, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до еден степен, а максималната ќе достигне до 11 Целзиусови степени.
Во наредните денови, информираат од УХМР, следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. Ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на планините врнежите ќе бидат од снег.