Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура во главниот град изнесува шест степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени Целсиусови
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се движи во интервал од еден до 10 степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне од 23 до 28 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура во главниот град изнесува шест степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени Целсиусови.
Според синоптичарите, до четврток во земјава ќе се задржи прeтежно сончево и релативно топло време, а по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во петок се очекува облачноста да се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, посвежо и врнежливо време.