Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град
Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, најавува за Уравата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
„Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град“,
информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени.

И во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, велат од УХМР.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Од УХМР најавуваат дека промена на времето се очекува од среда и во деновите потоа, кога поради продор на постуден воздух од север и засилен северен ветер, температурата ќе биде во опаѓање. Врнежи од дожд и значително пониски дневни температури ќе има во петок.
