Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 24 степени.
Од понеделник времето ќе биде значително облачно со повремени дождови, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, а ќе дува и слаб до умерен ветер. Во следните денови се очекува и пад на температурите.