Според Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на оваа работна седмица до почетокот на претстојниот викенд ќе преовладува сончево и топло време со мала од умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за појава на локална нестабилност, која ќе биде поизразена во среда и четврток
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Наместа, како што додаваат оттаму, ќе има услови за развој на нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 14 до 22 Целзиусови степени, а максимамалната дневна ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер кој ќе дува од променлив правец. Највисоката дневна темепратура, според метеролозите, денеска се очекува да биде измерена во главниот град и ќе достигне до 38 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на оваа работна седмица до почетокот на претстојниот викенд ќе преовладува сончево и топло време со мала од умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за појава на локална нестабилност, која ќе биде поизразена во среда и четврток.
