Во Скопје синоптичарите прогнозираат слично време, сончево со мала облачност и слаб ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до седум, а максималната ќе достигне до 23 степени Целзиусови
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала, а во југоисточните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од три до 11 степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје синоптичарите прогнозираат слично време, сончево со мала облачност и слаб ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до седум, а максималната ќе достигне до 23 степени Целзиусови.
И во наредните денови, до сабота, ќе продолжи период на стабилно време, со постепено опаѓање на дневната температура. Како што информираат од УХМР, утринската температура за време на викендот наместа ќе се спушти под нулата.