Според УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно тивко и релативно топло време, освен по колтините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура
Денеска времето во најголем дел од земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). По котлините, особено долж Повардарието ќе биде постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од минус два до нула, а максималната ќе достигне од осум до 17 Целзиусови степени.
За Скопје синоптичарите прогнозираат слично време, магливо и тивко, а попладне видливоста ќе се зголеми. Утринската температура во главниот град ќе се движи околу минус два Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до деветтиот степен.
Според УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно тивко и релативно топло време, освен по колтините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура.