Руската војска соопшти дека, по долга битка, го освоила украинскиот град Соледар познат по огромните рудници за сол. За стратезите во Кремљ тоа претставува „важен чекор во офанзивата“.
Победата, ако се потврди таквата информација, ќе им овозможи на руските трупи да продолжат кон блискиот град Бахмут и со тоа да ги отсечат украинските сили.
Но, на ваквите изјави од Москва украинските власти одговорија дека борбата за Соледар сè уште трае и ја обвинија Русија за „информативна пропагнада“.
„Иако непријателот ги концентрираше своите најголеми сили во оваа насока, нашите трупи – вооружените сили на Украина, сите одбранбени и безбедносни сили – ја бранат државата“,
рече украинскиот претседател Зеленски.
Битката за Соледар беше една од најкрвавите во речиси едногодишната војна. Градот е релативно мал, со население од само 10 000 жители. Иако Русија тврди дека станува збор за важна точка, западните воени планери се сомневаат дека градот има големо стратешко значење.
Началникот на украинскиот генералштаб, Андриј Јермак, битките за за Соледар и за Бахмут ги спореди со една од најжестоките битки во Првата светска војна – онаа за Верден.