Од опозициската партија најавија дека ќе поднесат нов предлог со кој, освен изедначување на цените во јавното и приватното здравство, ќе предложат и рефундирање на трошоците и ПЦР-тестовите да бидат бесплатни
Собранието денеска не го усвои предлогот на група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со кој се предлагаа дополнувања на Законот за здравствената заштита.
Дафина Стојановска рече дека поради тоа што не наишле на разбирање, ќе одат со свој предлог на закон во кој, освен изедначувањето на цените во јавното и во приватното здравство, ќе бараме рефундација на средствата за сите оние што веќе имаат трошоци. Таа посочи дека има луѓе што се останати без куќи, со големи кредити, семејства со жртви, имаат голема финансиска загуба. Бараат на позитивна листа на лекови да се стави целата терапија што им се пропишува на ваквите пациенти, само додека трае пандемијата и бараат пациенти кои би се нашле на листа на чекање повеќе од 60 дена да можат да ги добијат услугите во приватно здравство, по цени како и во јавното здравство. Предлагаат ПЦР-тестовите да бидат бесплатни, и во јавно и во приватно здравство.
На дневен ред на 41. седница има вкупно 68 точки, а ако последни две точки се интерпелациите за работата на министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, поднесени од група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ