Лидерот на Левица Димитар Апасиев, во дебатата за предлогот за избор на претседател на Собраниието, говорејќи за предностите и слабостите на Талат Џафери, го спореди со Че Гевара, соопштувајќи дека неговата партија ќе гласа против неговиот избор.
„Џафери за мене е единствениот Че Гевара, кој од герила директно влезе во влада, единствено тој тоа го може“,
рече Апасиев.
Како предност кај Џафери во неговата досегашна работа, според Апасиев е, што, како што рече, му одржал службен натпревар на претседателот Пендаровски со 3 спрема нула“ по три прашања: дека не може да се свика распуштено Собрание, Собранието не е конституирано ако не е избран спикер и дека не може да се одложи самораспуштање на Собранието.
Потоа, Апасиев наброја неколку работи за кои смета дека потапил спротивно на Деловникот, за кој рече дека е швајцарско сирење.
На Џафери му забележа за тоа што на конститутивната седница, како што рече, не проборел ниту еден збор на македонски и дека во актите се потпишува на латиница и онаму каде треба да стои кирилично писмо.
„Доколку ги немаше овие слабости, би го гласал промтно“,
рече Апасиев.
Во своето обраќање, Апасиев го спореше потписот на првиот зад предлогот за канидатурата на Џафери, Никола Дмитров, чие име го употреби во деминутив и го нарече узурпатор, за што беше опоменат од Џафери.
За Димитров рече дека не може истовремено да биде и пратеник и министер. На самиот почеток тој им посака успешна работа на своите колеги, која како што рече нема да трае подолго од две години, колку што, како што рече, може да издржи оваа непринципелна коалиција.
По обраќањето на Апасиев, Џафери за сите забелешки му посочи да ги земе снимките и службеите белешки, за кои, како што рече ќе има доволно време од 4 години да ги разгледа. На споредбата со Че Гевара, му рече дека ја прифаќа, само ако Апасиев прифати дека е Фидел Кастро, на што Апасиев му возврати: „Ние марксистите и ленинисти ќе најдеме точка на спојување“.