„Ставовите се исти, прашање е само кој во моментот ги коментира и со кој речник. Суштината е дека ние бараме средствата како што биле одобрени за Коридор 8, да бидат исто за Коридор 10. Дали ќе ги крстиме пренамена во терминологијата којашто ја употребуваме или ќе одиме со нова апликација е ирелевантно. Зборуваме различно бидејќи јас сум економист, премиерот ни е машински инженер, министерот за транспорт е правник и сега треба да ја гледаме суштината, таа е најбитна. Суштината е таа, дека ги бараме истите услови и грант и средства итн. како што ги имаме добиено за Коридорот 8“, изјави денеска министерката за финансии, одговарајќи на новинарско прашање
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека нема различен став со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во однос на прашањето која пруга е поприоритетна за државата, дали таа на Коридорот 8 или таа на Коридорот 10.
Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, министерката рече дека во суштина ставовите на тројцата се исти, само што за овие прашања зборуваат со различна терминологија бидејќи таа е економист, а другите двајца не се.
Според неа суштината е дека бараат средствата што биле одобрени за Коридорот 8, да бидат исто одобрени и за пругата на Коридорот 10. Дали тоа ќе се нарече пренамена, министерката вели дека е техничка работа.
Целта на Владата, според Димитиреска-Кочоска, е да им се помогне на компаниите кои превезуваат стока по Коридорот 10 и да им се намалат трошоците за транспорт.
„Ставовите се исти, прашање е само кој во моментот ги коментира и со кој речник. Суштината е дека ние бараме средствата како што биле одобрени за коридор 8 да бидат исто за коридор 10. Дали ќе ги крстиме пренамена во терминологијата којашто ја употребуваме или ќе одиме со нова апликација е ирелеватно. Зборуваме различно бидејќи јас сум економист, премиерот ни е машински инженер, министерот за транспорт е правник и сега треба да ја гледаме суштината, таа е најбитна. Суштината е таа, дека ги бараме истите услови и грант и средства итн. како што ги имаме добиено за коридорот 8“,
изјави министерката за финансии.
На дополнително прашање дали и од кои институции е побарано или има план да се побараат средства за пругата на Коридорот 10, Димитириеска-Кочоска рече дека прво треба да завршиме со проектот „Коридор 8“.
„Вие знаете дека во Министерството за финансии имаше тендер и тој тендер треба да заврши. Со завршување на тој тендер треба да се каже прифаќаме или не прифаќаме и она што го говорат министерот за транспорт и премиерот е дека ние нема тоа да го прифатиме, бидејќи во моментот не ни е приоритетно. Зошто не ни е приоритетно? Затоа што од овој проект ‘Коридор 8’ во овој момент со лимитиран буџет и недоволно средства ние не добиваме додадена вредност. Јас постојано го зборувам истото, ние имаме компании коишто добиваат производи на пристаниште во Солун и во овој момент ги транспортираат со камиони, транспорт којшто чини многу. Железницата е далеку поевтина. Е сега, ако ние помогнеме во дел од Коридор 10 да може да се врши транспортот како што треба, тоа значи дека на компаниите ќе им го олесниме или ќе им го намалиме индиректно трошокот за транспрот. Е сега каде им помагаме, во суштина им помагаме затоа што во 2026 година со декарбонизацијата тие ќе треба дополнително да плаќаат пенали за производите коишто ги извезуваат надвор од Македонија. И сега во суштина ние што правиме – се обидуваме да искомпензираме во овој дел да се намалат трошоците затоа што знаеме дека во другиот дел ќе имаат поголеми трошоци, на крај балансот да биде некаде на позитивна нула, односно да не им се менуваат продажните цени на нашите извозни компании. Суштината е таа“,
рече министерката за финансии.
Говорејќи во таа насока, Димитриеска-Кочоска рече дека приоритет мора да им се даде на македонските компании за да им се намалат трошоците, дополнително додавајќи дека воопшто не станува збор за тоа дали Коридорот 8 не ни е важен и дека нема никогаш да го направиме.
„Со Коридор 8, еве да го зборуваме гласно, ќе ги поврземе Драч (Албанија) и Бургас (Бугарија). Знаете дека некој со траспорт од таму да носи производи во Македонија, не. Прво, километражата е многу голема, односно дистанцата и до Драч и до Буграс, во однос на Солун. Значи ние мора приоритет да дадеме на македонските компании со цел да им ги намалиме трошоците коишто во некое догледно време ќе им се зголемат поради проблемот со декарбонизацијата којшто се отвора како сериозен проблем. Инаку, никој не зборува и воопшто не станува збор за тоа дали Коридор 8 нам ни е важен. Важен ни е, но сега во услови кога имате лимитирани средства, нормално е првин да помогнете на бизнисот којшто дополнително создава во економијата, додава вредност, го полни буџетот, а потоа да се фокусирате понатаму на Коридор 8. Никој не вели дека Коридор 8 ќе изостане и нема никогаш да го направиме. Ние даваме приоритет во услови на ограничен буџет таму каде што сега ни е потребно да си помогнеме сите, затоа што од тие компании утре зависат и работни места. Ние мора да им помогнеме и да им создадеме услови на македонските компании“,
изјави Димитриеска-Кочоска.