Сите бебиња се помали од една година, така што локалните власти ги повикуваат жителите да помогнат во спречување на ширењето на заразата во момент кога државата станува едно од најновите жаришта
Осумдесет и пет бебиња, помали од една година во ист округ во Тексас се позитивни на новиот коронавирус , јави Си-би-ес.
Локалните власти ги повикуваат жителите да помогнат во спречување на ширењето на заразата во момент кога државата станува едно од најновите жаришта.
Во округот Њуејсис , каде се наоѓа Корпус Кристи, бројот на нови случаи на коронавирус скокна во јули. Вирусот инфицираше десетици бебиња, а локалните власти ги повикуваат луѓето да носат маски и да почитуваат физичка дистанца.
„Во моментов имаме 85 бебиња под една година во округот Њуејсис кои се позитивни на ковид-19. Овие бебиња се уште не го прославиле својот прв роденден. Ве молиме, помогнете ни да спречиме ширење на оваа болест.. “,
изјави Анет Родригез, директор за јавно здравје на округот.
–
Како што рече Питер Занони, градоначалник на Корпус Кристи, округот има најбрз раст во нови случаи во просек од седум дена од кој било друг округ во државата.
Во Корпус Кристи има околу 8.100 случаи на коронавирус и 82 смртни случаи поврзани со вирусот.