Вредноста на златниот накит, како што информираат од Царинската управа, се проценува на четири милиони денари, а со обидот тоа да биде внесено непријавено се избегнувало плаќање на увозни давачки во висина од еден милион денари

Над еден килограм златен накит заплениле царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, информираат од Царинската управа.
Накитот бил откриен при претрес на патник, а му бил скриен во внатрешниот дел од панталоните и во долната облека.
Златото било спакувано во четири кеси во кои имало 60 ланчиња, 13 прстени, 128 обетки и 48 алки.
Вредноста на златниот накит, како што информираат од Царинската управа, се проценува на четири милиони денари, а со обидот тоа да биде внесено непријавено се избегнувало плаќање на увозни давачки во висина од еден милион денари.
Од Царинската управа велат дека златото ќе биде предадено во Народна банка, а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава.


