Избраниците на селекторот Кирил Лазаров натпреварот со Австрија го почнаа добро и во два наврати во првото полувреме имаат предност од три гола, но на полувреме заминаа со гол помалку 14-13. Вториот дел беше целосно незивесен и се играше гол за гол, што на крајот го покажа и конечниот резултат од 29-29
Со ефектен гол од голема далечина на капитенот Филип Кузмановски, македонската ракометна репрезентација во последната секунда успеа да избегне пораз и да одигра нерешено со Австрија во првото коло од главната рунда на Светското ракометно првенство чии домаќини се Хрватска, Данска и Норвешка.

Драматичниот натпревар, со многу резултатски пресврти, заврши со реми 29-29.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров натпреварот со Австрија го почнаа добро и во два наврати во првото полувреме имаат предност од три гола. Сепак, противникот успеа да се врати во ритам и на полувреме замина со гол предност, односно со резултат 14-13.
Вториот дел беше целосно неизвесен. Се играше гол за гол и по неколкуте водства на Австрија во првите минути од второто полувреме, Македонија од 40. мунита направија серија од 3-0 за резултатка предност од 18-17.
На 10 минути до крајот резултатот беше нерешен 22-22, а во самиот финиш Филип Кузмановски промаши пенал, исто така, при нерешени 27-27. Во следниот напад Австрија реализира за водство, на што со гол одговори Марко Митев.
На четири секунди до крајот Австрија постигна гол за водство, по што нашите ракометари тргнаа на се или ништо. Одговорноста во последниот напад ја презеде капитенот Кузмановски и од петнаесетина метри успеа да го совлада австринскиот голман Флоријан Кајпер за кончени 29-29.
Најефикасни во македонскиот тим на натпреварот со Австрија беа Марко Митев со шест гола, Жарко Пешевски постигна пет, а Кузмановски мечот го заврши со четири погодоци и пет асистенции.
На овој натпревар македонските навивачи во арената во Вараждин беа во помал број за разлика од натпреварите од групната фаза, но повторно доволен за да им дадат значајна поддршка на ракометарите на теренот.
Македонија сега во рамки на групата 2 од главната фаза има два бода, еден што пренесе од првата фаза и по денешното реми.
Во четврток ќе се бориме за победа против Катар, а натпреварот го играме во истиот теремин како и денеска во 15:30 часот.
На табелата Франција е лидер со 4 бода, Унгарија и Австрија имаат по 3, Холандија, како и Македонија има 2, а Катар е без бодови.