Врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и на Извештајот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, Владата денеска ја прифатила сугестијата за заедничко чествување со Бугарија на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил. Во најкус можен рок ќе бидат усогласени и датумите на заедничките одбележувања.
„При секое официјално чествување на овие личности потребно е историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одбележува,“
пишува во соопштението од Владата.
Од Владата ја задолжиле експертската комисија решително да ја забрза својата активност за значајни теми од нашата заедничка историја како Гоце Делчев, Илинденското востание и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците.
„Во својата работа Комисијата строго да се придржува кон одредбите од чл. 8, т. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, која нагласува дека е неопходен придонес за објективно, засновано на автентични и засновани историски извори за научно толкување на историските настани”,
бара Владата од експертската комисија.