Обвинителството од Битола вчера отвори предмет за случајот, а од соопштението се дознава дека за овој настан, кој се случил на 1 јануари годинава, до нив имало анонимна пријава уште на 12 јануари, а МВР за случајот информира дури пред два дена
Двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки кои се поведени против девет лица вработени на Одделот за гинекологија и акушерство.
Вонредниот инспекциски надзор што го спровела подрачната единица на ДСЗИ во Битола констатирал дека директорот на установата во врска со случајот презел законски предвидени мерки.
ДСЗИ, пак, ќе издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност, односно давање здравствени услуги на пациенти во оваа болница од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита.
Вонредниот инспекциски надзор следува откако МВР завчера соопшти дека докторка од Белград, Србија, која нема соодветна лиценца за работа од Лекарската комора во земјава, правела царски рез во Клиничката болница во Битола.
Докторката е сопруга на 33-годишен гинеколог во битолската болница, кој заедно со уште лекар заработи кривична пријава.
Двајцата гинеколози од Битола се пријавени за делото злоупотреба на службената положба и овластување, додека сопругот на докторката од Србија е осомничени за фалсификување службена исправа. Српската лекарка, пак, е пријавена за надрилекарство и за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Обвинителството од Битола вчера отвори предмет за случајот, а од соопштението се дознава дека за овој настан, кој се случил на 1 јануари годинава, до нив имало анонимна пријава уште на 12 јануари, а МВР за случајот информира дури пред два дена.