Според британските здравствени власти, помеѓу јули и ноември 2023 година, има 716 пријавени случаи на голема кашлица, што е трипати повеќе од истиот период во 2022 година. Сепак, овие бројки остануваат пониски отколку во годините пред пандемијата
Случаите на голема кашлица, наречена 100-дневна кашлица, се во пораст во Англија и Велс, а се зголемиле за приближно 230 отсто во споредба со минатата година. Ова го покажуваат бројките на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство., пренесуваат британските медиуми.
„Помеѓу јули и ноември 2023 година има 716 пријавени случаи на голема кашлица, што е трипати повеќе од истиот период во 2022 година. Сепак, овие бројки остануваат пониски отколку во годините пред пандемијата“,
велат здравствените власти.
Докторите ги повикуваат бремените жени и децата да се вакцинираат.
Официјално големата кашлица е позната како пертусис и е многу заразна бактериска инфекција на белите дробови и дишните патишта.
Оваа болест е најопасна кај доенчињата, наведува Светската здравствена организација (СЗО) предупредувајќи и дека луѓето со пертусис се најзаразни до околу три недели по почетокот на кашлицата.
Кои се симптомите?
Раните симптоми обично се појавуваат седум до 10 дена по инфекцијата и вклучуваат блага треска, течење на носот, воспалено грло и кашлица, која постепено се развива во напади на кашлање, а потоа во голема кашлица.
„Кашлицата може да биде особено упорна, понекогаш да трае со недели или дури месеци“,
велат британските медиуми.
Некои од многу кашлање можат да доживеат болка во ребрата или, во поекстремни случаи, да добијат и хернија.
Иако големата кашлица ги погодува сите возрасти и обично е блага, таа може да биде посериозна за бебињата и многу малите деца.
Особено бебињата на возраст под 6 месеци имаат поголеми шанси да заболат од пневмонија, тешкотии со дишењето и напади.
Зошто се зголемуваат случаите?
Во 1950-тите години имало над 100 000 сомнителни случаи на голема кашлица во Англија и Велс годишно, известува Оксфордската група за вакцини во рамките на Одделот за педијатрија на Универзитетот во Оксфорд.
Развојот на вакцина за деца довело до драматичен пад на овие бројки и помогнало да се спречат илјадници смртни случаи.
„Пандемијата од ковид-19 е најверојатната причина за сегашното зголемување на случаите на пертусис“, велат од Оксфордската група.
„Пред воведувањето на рутинската имунизација, големата кашлица погодуваше десетици илјади луѓе. Благодарение на вакцинацијата ова драстично се намали, но инфекцијата не исчезна целосно бидејќи ниту инфекцијата, ниту вакцинацијата не можат да обезбедат доживотна заштита“,
вели епидемиолог во Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство.