Според информациите кои ги објавуваат словенечките медиуми, најверојатно станува збор за маж кој се вратил од Канарските Острови
Словенија го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, јавува „Н1 Словенија“.
Според информациите на порталот, пациентот не е хоспитализиран и најверојатно станува збор за благи симптоми. Исто така, медиумот објавува дека заразен е маж кој се вратил од Канарските Острови.
Се очекува во текот на денот со повеќе информации да излезе и Националниот институт за јавно здравје на Словенија.