Министрите за надворешни работи, образование и правда денеска поднесоа оставки по оставката на претседателот на нивната партија, министерот за економија, Ричард Сулик
Словачката влада на десниот центар го загуби парламентарното мнозинство по оставката на четворица либерални министри.
Министрите за надворешни работи, образование и правда денеска поднесоа оставки по оставката на претседателот на нивната партија, министерот за економија, Ричард Сулик.
„Со оставките на овие министри влегуваме во период на малцинска влада“,
изјави премиерот Едуард Хегер за новинарите.
Сулик, лидер на либералната партија Слобода и солидарност (СаС), поднесе оставка минатата недела, барајќи оставка од министерот за финансии Игор Матович.
„Ќе бидеме конструктивна, професионална опозиција, но и цврста“,
рече Сулик.
Министерот за економија во заминување често се судри со Матович, поранешниот премиер, кој поднесе оставка како шеф на владата минатата година за време на претходната владина криза. Коалицијата од три партии, која продолжува да ја поддржува владата, сега има само 70 од вкупно 150 пратеници во парламентот.
„За време на усвојувањето на законот во парламентот ќе ги побараме гласовите од пратениците на демократските партии“,
рече Хегер.
Предводена прво од Матович, а потоа и од Хегер, централно-десничарската словачка влада е на власт од парламентарните избори во 2020 година, победи врз основа на антикорупциска програма.