„Таа извртена логика дека албанските политички партии треба да се борат за симпатии од едната или другата македонска политичка партија за мене е најнавредливата работа што може да му се каже на албанските, турскиот или бошњачкиот народ. Волјата на граѓаните е над сите и пред сите. Фактот дека политичките партии прават калкулации за после изборите за мене е најголемото потценување на демократијата и потценување на народот. Ние добиваме голем број пораки, повици од луѓе кои на 24 април не гласале за нас, но кои се чувствуваат навредени, на кои има се враќа филмот од минатото. Таа мобилизација ја гледам кај гласачите на ‘Европскиот фронт’, не само кај неопределените, но и кај гласачите на опозицијата“, рече министерот за надворешни работи во техничката влада
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, последните неколку дена успеа да врати едно сеќавање кај Албанците за стогодишното ропство, омаловажување и потчинување. Успеа кај секој Албанец, кај секое албанско семејство да иритира нерв кој мислевме дека е длабоко сокриен. Врати едно сеќавање од времето на Југославија, кога југословенски Белград велеше, независно од тоа што вие ќе посакате, Рахман Морина ви е тој што ќе ве претставува, а Морина цинично се смееше.
Ова денеска на прес-конференција по повод одбележувањето на Денот на МНР – 29 Април и 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба на Северна Македонија го изјави министерот за надворешни работи во техничката влада Бујар Османи и кандидат за претседател од „Европскиот фронт“, кој не помина во вториот круг на претседателските избори, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека ДУИ заминува во опозиција, како и дека идната владина коалиција ќе ја предводи неговата партија, а во неа ќе биде коалицијата „Вреди“.

„Овој обид за омаловажување на секој Албанец, но и на граѓаните од заедниците кои низ годините ја имале истата судбина со Албанците, го мобилизираше народот. Посебно гласачите на опозицијата. Веќе не е прашање на избори помеѓу ‘Европскиот фронт‘ и помеѓу ‘Вреди‘. Имаме ситуација на мобилизација против обидот на рушење на достоинството на народите во оваа држава, зборувајќи за идна влада уште пред да се изјасни народот на 8 мај. Тоа ќе создаде една нова ситуација на 8 мај. Ваква мобилизација немам видено подолго време во политиката. Жалам што ова сега го зборувам кога имам прес-конференција во Министерството за надворешни работи каде сме собрани поради убав повод, 55 години МНР, но добив новинарско прашање и морав да одговорам“,
рече тој.
За тоа кај кој кандидат ќе се прелеат гласовите од првиот круг на претседателските избори, во кои тој беше учесник, Османи рече дека тоа ќе се одлучи на ниво на „Европскиот фронт“, кој сè уште ги анализира резултатите.
Според него, слоганите кои биле користени од страна на опозицијата не само што го извадиле народот на улица туку, како што рече, ги извадиле и политичарите од нивните кожи.
„Да повикате државата да биде ‘повторно твоја‘ алудирајќи на фактот дека ако има министер за надворешни работи – Албанец, државата не е нивна, туку била на Албанците, е најсрамниот и најшовинистички повик кој може да се претстави во една мултиетничка држава. Каде ќе ја носиме државата ако така мислиме, дека затоа што има премиер Албанец, државата била на Албанците, а сега на избори ќе треба да ја вратиме на Македонците. Национализмот раѓа национализам. Тоа е еден круг од кој мислев дека се извлековме. Овие сите успеаја повторно да го вратат тоа чувство кај Албанците и останатите“,
рече Османи.
Според него, не е чесно да се зборува за коалиции во иднината влада, зашто за тоа прво треба да се чуе волјата на народот.
ДУИ никогаш немала за цел да биде симпатизирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, целта на ДУИ и на „Европскиот фронт“ е да биде посакуван претставник од страна на народот, посочи Османи одговарајќи на прашање во насока на изјавата на Изет Меџити дека ДУИ ги симпатизира ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ.
„Таа извртена логика дека албанските политички партии треба да се борат за симпатии од едната или другата македонска политичка партија за мене е најнавредливата работа што може да му се каже на албанските, турскиот или бошњачкиот народ. Волјата на граѓаните е над сите и пред сите. Фактот дека политичките партии прават калкулации за после изборите за мене е најголемото потценување на демократијата и потценување на народот. Ние добиваме голем број на пораки, повици од луѓе кои на 24 април не гласале за нас, но кои се чувствуваат навредени, на кои има се враќа филмот од минатото. Таа мобилизација ја гледам кај гласачите на Европскиот фронт, не само кај неопределените, но и кај гласачите на опозицијата“,
вели тој.
Според него, нивните позиции се јасни, односно како што посочи, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и Охридскиот рамковен договор, како и ветингот се прашања без кои не се може за функционирање на која било владина коалиција.
„Не може да се дозволи прашањето јас го сакам овој да биде претставник на Албанците. Народот одлучува за тоа. А народот одлучува врз основа на тоа кој има принципи. Нашите принципи се тие. Без договор за уставни измени не може да продолжи да функционира нормално која било Влада, затоа што без Европска Унија не можеме да функционираме“,
рече Османи.
Османи рече дека со политика каква што сега застапува Мицкоски државата изгубила 20 години од својот интегративен пат кон ЕУ, како и дека прашањето за името било вештачки создаден проблем.