Според прогнозата на УХМР, најстудено ќе биде в понеделник со дневна температура од минус пет до два степена
Многу студено време со утрински температури и до минус 15 степени најавува УХМР за наредните денови.
Времето ќе биде многу студено и ветровито, со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу минус десет степени Целзиусови, а дневните ќе бидат околу и под нулата.
Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови.
Утре, најниската утринска температурата ќе биде минус 12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од минус девет до два степена.
Во вторник се очекува најниската утринска температура да изнесува минус 15 степени.
Според прогнозата на УХМР, најстудено ќе биде во понеделник со дневна температура од минус пет до два степена.