Сугарески си замина од Царинската управа затоа што реши да се кандидира за градоначалник на Прилеп
Славица Котиров ја презема директорката функција во Царинската управа од досегашниот в.д. директор Горан Сугарески. Таа досега беше заменик-директорка на Царина.
Од Владата информираа дека на синоќешната седница ја прифатиле оставката и го разрешиле Сугарески, а ја назначиле Котиров.
Сугарески на 9 јули информираше дека си поднел оставка и рече дека од 11 јули ќе се врати на старото работно место во Општина Прилеп. Причината за неговата оставка беше поднесената кандидатура во партиските органи на СДСМ за градоначалник на Прилеп.
СДСМ досега официјално потврди 35 кандидати за градоначалници, но за Прилеп сè уште не е официјализирана одлуката.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, досега објави тројца кандидати, меѓу кои и за Прилеп, па познато е дека доколку Сугарески биде кандидат на социјалдемократите, на локалните избори ќе се бори против докторот Борче Јовчески, кој е актуелен советник во општинскиот совет.
*Поврзани вести:
Сугарески влегува во трка за кандидат за градоначалник на Прилеп, заминува од Царина