По несреќата, се додава во полициското соопштение, возачот бил изваден од автомобилот и пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што му биле констатирани тешки телесни повреди

Дваесетгодишниот скопјанец Х.Б. е повреден во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во близина на стадионот „Цементарница“ на булевар „Србија“ во Скопје, кога со автомобил удрил во метален столб од улично осветлување.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), до несреќата дошло околу 21:30 часот, кога Х.Б. со возилото „бе-ем-ве“, со скопски регистарски таблички, поради неприспособена брзина изгубил контрола и се удрил во столбот.
По несреќата, се додава во полициското соопштение, возачот бил изваден од автомобилот и пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата увид извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје.
