Четириесет и четиригодишниот О.М. од Скопје противправно ја држел сопругата М.М. затворена во нивниот дом.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот го пријавил нивниот син, по што интервенирале полициски службеници од полициската станица во Шуто Оризари и од Единицата за интервентна полиција при СВР-Скопје.
Полицијата соопштува дека при приведувањето на сопругот во неговиот дом, пронајдено било и огнено оружје.
„Пронајдени се два пиштола со околу 32 куршуми и марихуана“,
велат од полицијата.