Сите жители на Букурешт наскоро ќе можат да се тестираат за новиот коронавирус.
Романскиот министер за здравство Виктор Костаке изјави дека досега се регистрирани над 900 случаи на инфекција со коронавирусот, а починаа седумнаесет пациенти.
„Ние сакаме да спроведеме иновативна програма како во Јужна Кореја. Да ги тестираме сите жители на Букурешт за коронавирусот со помош на групи за мобилни тестирања. Во моментов ни требаат 2-5 милиони тестови“,
рече министерот Костаке.
На 16 март романскиот претседател Клаус Јоханис објави вонреден режим поради новиот коронавирус.