Сите мерки што ги донесе Владата со цел заштита од ширењето на коронавирусот ќе бидат во сила додека трае периодот на прогласена вонредна состојба во земјава, информира владината прес-служба.
„Донесен е заклучок со кој се утврдува дека сите донесени заклучоци на Владата со кои се даваат мерки, препораки и насоки за сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија“,
стои во соопштението.
Со тоа Владата им укажува на сите единици на локалната самоуправа, на јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на приватниот сектор, сите мерки да се почитуваат сè додека се во сила.