Од денеска во сила се дополнителните мерки против ширење на коронавирусот.
*Поврзана вест
Затворска казна до една година за оние што нема да ги почитуваат препораките
Превентивно, во наредните 14 дена, затворени се градинките, училиштата, факултетите, студентските домови, забранети се масовни јавни настани, организирани патувања во високоризичните држави.
Освен овие мерки, Владата синоќа соопшти уште една нова мерка – забрана за користење базени во следните 14 дена.
*Поврзана вест
Манчевски за ТВ24: Родителот што нема да оди на работа да обезбеди потврда од училиштето на детето
Според последните објавени информации за состојбата со коронавирусот во земјава, шест пациенти што се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се стабилни, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа вчера по вторпат беше тестирана по дијагностицирањето на вирусот и повторно е негативна на коронавирус.
Сите информации за коронавирусот, прес-конференции, одлуки од седница на Влада, прашања и одговори, како и листата на земји со ниско, средно и високо ниво на ризик од коронавирус можат да се следат на веб-страницата zdravstvo.gov.mk/korona-virus/.
Министерот за здравство Венко Филипче на својата фејсбук-станица објави дека страницата се ажурира, но можни се повремени отстапувања.