Како причина се наведува дека БиХ нема доволно вакцини
Владата на Србија донесе одлука да овозможи вакцинирање на граѓаните на Босна и Херцеговина против ковид-19 во Србија.
Како што беше објавено по седницата на Владата, одлуката е донесена со оглед на тоа што соседната земја во моментов ја нема потребната количина вакцини.
„На овој начин се изразува солидарност со граѓаните на БиХ и тоа овозможува постигнување колективен имунитет на регионално ниво“,
соопштија од српската Влада.