Републиканскиот претставник Дарел Иса рече дека очекува Комитетот да го обвини Бајден за презир кон Конгресот, доколку тој не се појави
Синот на претседателот Џо Бајден, Хантер Бајден, ги отфрли барањата на конгресните републиканци да сведочи зад затворени врати за неговите деловни зделки, зголемувајќи ги тензиите кај претстваниците кои во среда треба да гласаат дали да ја формализираат истрагата за импичмент на неговиот татко.
На прес-конференција Хантер Бајден рече дека истрагата нема основа и дека нема да одговори на судското барање на Надзорната комисија на Претставничкиот дом да сведочи зад затворени врати.
Републиканскиот претставник Дарел Иса рече дека очекува Комитетот да го обвини Бајден за презир кон Конгресот, доколку тој не се појави.
Републиканците во Претставничкиот дом не се откажуваат од денешното гласање со кое би се дало зелено светло за започнување истрага пред тринеделниот одмор кој почнува утре.
Тие тврдат дека Бајден и неговото семејство имале несоодветна корист од одлуките што ги донел Бајден Постариот додека бил потпретседател на САД од 2009 до 2017 година.
Хантер Бајден: Нема докази дека татко ми бил финансиски вклучен во моите работи
Нивната истрага е фокусирана на деловните аранжмани на помладиот Бајден. Досега не успеаја да изнесат докази за незаконските постапки на претседателот Џо Бајден.
„Нема докази кои ги поткрепуваат наводите дека татко ми бил финансиски вклучен во моите работи бидејќи тоа не се случи“,
изјави 53-годишниот Хантер Бајден.
Тој исто така рече дека нема основа за истрагата за импичментот на неговиот татко, нарекувајќи ја „апсурдна и бесрамна“.
Доколку биде прогласен за виновен, синот на Бајден може да се соочи со казна затвор до 17 години
Хантер се соочува со нови кривични пријави затоа што не платил најмалку 1,4 милиони долари данок додека трошел милиони на раскошен начин на живот.
Министерството за правда соопшти дека истрагата е во тек, а доколку биде прогласен за виновен по обвиненијата, му се заканува затворска казна до 17 години.
Тој е обвинет дека не платил најмалку 1,4 милиони долари федерални даноци од 2016 до 2019 година, додека потрошил милиони долари на екстравагантен начин на живот.
Хантер Бајден е честа тема во медиумите поради неговата зависност и скандалозно однесување, а неговата вмешаност во украинската енергетска компанија „Бурисма“ додека неговиот татко беше потпретседател на САД, исто така беше во фокус.