Во апсолутни бројки, Силјановска-Давкова води со 257 220 гласа наспроти Пендаровски со освоени 121 050 гласа, според обработени 51,52 отсто од избирачите
Над сто илјади е разликата во освоени гласа меѓу претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, и кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, во вториот круг од изборите за шеф на државата, според обработени 51,52 отсто избирачи и 54,62 проценти од избирачките места.

Силјановска-Давкова освоила 63,66 отсто од гласовите, а Пендаровски 29,96 проценти.
Во апсолутни бројки, Силјановска-Давкова води со 257 220 гласа наспроти Пендаровски со освоени 121 050 гласа.