Засега нема информации дали потресот предизвикал материјална штета и евентуално жртви
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот јужно од главниот град на Филипините, објави денеска Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.
Институтот додаде дека земјотресот се случил на длабочина од 74 километри и дека се очекуваат последователни земјотреси и штети, објави Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот бил во провинцијата Миндоро, а се почувствувал и во Манила.
Филипините се наоѓаат на геолошки многу активниот пацифички огнен прстен и често се случуваат земјотреси, особено на југот на земјата.