Епицентарот на потресот во Кина со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала бил во градот Лудинг, на околу 180 километри југозападно од Ченгду, главниот град на Сечуан. Засега нема информации за жртви
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската провинција Сечуан, соопшти кинескиот центар за земјотреси.
Засега нема информации за жртви.

Епицентарот на потресот бил во градот Лудинг на длабочина од 16 километри, на околу 180 километри југозападно од Ченгду, главниот град на Сечуан.
Неколку минути по потресот, според кинескиот центар за земјотреси, втор земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погодил градот Јаан во близина на Лудинг.
Во 2013 година Јаан беше погоден од силен земјотрес во кој загинаа повеќе од 100 луѓе, а илјадници беа повредени.
Инаку, силен земјотрес во текот на ноќта го погодил и североисточен Авганистан, соопштил директорот за информации и култура на провинцијата Кунар и портпарол на гувернерот Мавлави Наџибула Ханиф.
Најмалку осум лица ги загубиле животите во земјотресот, а предизвикана е и сериозна материјална штета.
Според американскиот геолошки институт, земјотресот во Авганистан бил со со јачина од 5,3 со епицентар во близина на Џалалабад.