„Да потсетем, нашите предци се сплотија и заедно го постигнаа она што не можеа да го остварат засебно – слобода македонска држава“, се вели во честитката од претседателката
11 Октомври е меѓникот што ја одреди нашата сегашност и иднина, денот кога храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободољубиви и правдољубиви народи, со што ја избравме вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото, цврсто решени да ги победиме окупаторите и да се избориме за слободна национална држава. Ова е пораката што по повод 11 Октомври – Денот на народното востание ја упати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, посочувајќи дека на денешен ден со гордост и чест им оддаваме заслужена почит на македонските партизани што во 1941 година се кренаа на востание и ја започнаа народно ослободителната војна.

„Благодарни на хероите за нивната натчовечка жртва, имаме одговорност кон нив, но и кон нашите деца и внуци да продолжиме да ја градиме македонската држава согласно идеалите што ни ги оставија во аманет, оти чувањето на таковината е важно колку и чинот на нејзиното ослободување.
стои во честитката од претседателката.
Според неа, секоја генерација се соочува со нови предизвици, а ние изминатитее 33 се беревме за признавање на независноста и добивање на заслушено место во европското семејство.
„Да потсетем, нашите предци се сплотија и заедно го постигнаа она што не можеа да го остварат засебно – слобода македонска држава“,
вели Сиљановска-Давкова.
Повика да ги надминеме меѓусебните делби и да се обединиме во заедничка борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество.
„Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на Народното востание“,
рече претседатеелката.
