На улиците на главниот град Пекинг и другите поголеми градови како Шангај, Гуанжу и Хангжу е зголемен полицискиот контингент
Неколку големи кинески градови распоредија голем број полицајци за да ги спречат протестите што ја зафатија земјата во последните денови поради политиката на нулта ковид и ограничувањата на слободата.
На улиците на главниот град Пекинг и другите поголеми градови како Шангај, Гуанжу и Хангжу е зголемен полицискиот контингент.
Безбедносните сили сè повеќе ги запираат случајните минувачи и ги проверуваат нивните телефони за сомнителна содржина или софтвер, вклучително и ВПН што може да се користат за заобиколување на цензурата на интернет. Полицијата во Пекинг е особено фокусирана на обезбедувањето на шеталиштето на реката Лиангма во близина на дипломатскиот кварт.
Во финансискиот центар на Шангај, беа подигнати бариери вдолж патот Вулумуки за да се спречи да се соберат големи толпи, како што се случи во текот на викендот. Си-ен-ен објави видео на кое се гледа судир меѓу демонстрантите и полицијата во Гуанжу, на југот на земјата. Видеото можете да го погледнете ТУКА.