Сега се очекува лидерот на Умерената партија Улф Кирстесон да формира влада во која ќе бидат вклучени и екстремно десничарската партија Шведските демократи
Шведската премиерка Магдалена Андерсон денеска поднесе оставка откако нејзината влада претрпе пораз на парламентарните избори. Сега се очекува лидерот на Умерената партија Улф Кирстесон да формира влада во која ќе бидат вклучени и екстремно десничарската партија Шведските демократи.
Блокот составен од умерените, Шведските демократи, демохристијаните и либералите ќе има 176 места од 349 во шведскиот парламент.
Левиот центар ќе добие 173 пратенички места според последните податоци на изборната комисија.
Изборите се значајна пресвртница за шведската политика бидејќи Шведските демократи некогаш се сметаа за отпадници, но сега тие освоија речиси 20 отсто од гласовите.
Тие ветија дека ќе ја „направат Шведска повторно безбедна“ со воведување подолги затворски казни и ограничување на имиграцијата, но Би-би-си објави дека нивниот партиски лидер нема да биде премиер бидејќи ја нема целосната поддршка од сите четири партии.