На состанокот на Советот на ЕУ во Брисел на поетокот на мај, таа рече дека ЕУ има големи обврски кон Западен Балкан и мора да ги одржи своите ветувања
Посетата на Линде е како претседавачка на ОБСЕ
Претседавачката со ОБСЕ, шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, денеска и утре е во посета на нашата земја.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје соопшти дека посетата на Линдe е фокусирана на спроведувањето на стратешките реформи во земјата, владеењето на правото, доброто владеење, активностите во борбата против организираниот криминал и корупцијата, унапредувањето на слободата на медиумите и социјалната кохезија. Таа ќе разговара и за важноста на регионалната стабилност и безбедност, вклученоста и партнерството со ОБСЕ.
Предвидено е Линде утре ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и со пратеници и претставници на граѓанското општество.
Линде и нејзината земја се меу најгласните поддржувачи на што поскоро членство на С Македонија и Албанија во ЕУ.
На состанокот на Советот на ЕУ во Брисел на поетокот на мај, таа рече дека ЕУ има големи обврски кон Западен Балкан и мора да ги одржи своите ветувања.
„Мора веднаш да започнеме преговори со Северна Македонија и важно е да се одржи довербата во ЕУ“,
изјави тогаш Линде.
Нашата земја ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година, а треба да се приклучи на Тројката од 1 јануари 2022 година, што е формат на соработка помеѓу сегашното, претходното и следното претседателство.