Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија се „многу сложени и комплицирани“, а што се однесува до Албанија, постојат голем број услови што мора да бидат исполнети, но се надеваме дека до крајот на годината и германското претседателство со Унијата ќе ги имаме првите меѓувладини конференции, изјави Сузана Шуц, директорка за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА во германското Министерство за надворешни работи.
На онлајн-конференцијата „Две децении од почетокот на нормализација на односите меѓу дејтонската четворка“, Шуц порача дека регионот е приоритет за Германија, како и членството на земјите од регионот во ЕУ и економскиот инвестициски план кој ќе биде приоритет во наредниот период.
Според неа, решавањето на проблемите на Западен Балкан повеќе не може да се одложува, дека времето е многу важен фактор и дека е важно да се работи на воспоставување на владеење на правото и на примена на законите.
„Постигнавме многу во изминатите 20 години, Словенија и Хрватска се членки на Унијата, Црна Гора и Србија преговараат за пристап, а Северна Македонија и Албанија во март добија зелено светло да започнат преговори. Се надеваме дека до крајот на годината и германското претседателство со Унијата ќе ги имаме првите меѓувладини конференции“,
изјави Шуц.
Германија, која претседава со ЕУ до крајот на годинава, во повеќе наврати преку свои претставници укажа дека тоа е билатерално прашање кое наскоро ќе се затвори и дека не треба да биде дел од преговарачката рамка.
*Поврзани вести
Уште една порака од Германија дека преговорите за членство со земјава треба да почнат годинава
Германија за меморандумот од Бугарија: Билатералните проблеми не треба да се во преговарачката рамка