Бројот на смртни случаи од ковид-19 денеска се искачи на 1 326, за речиси 300 лица повеќе од вчера
Шпанската Влада планира да ја продолжи 15-дневната вонредна состојба во земјата за уште 15 дена, поради ситуацијата со епидемијата од коорнавирусот, јавија шпанските медиуми.
Со вонредната состојба во втората најзагрозена европска земја од епидемијата, што беше воведена на 14 март, дозволено е излегување од дома само за основните потреби на луѓето.
Продолжувањето на вонредната состојба мора да биде одобрено во парламентот, што сигурно ќе се случи бидејќи главната опозициска Народна партија соопшти дека ќе ја поддржи таквата одлука, пренесуваат британските медиуми.
Шпанскиот премиер Педро Санчез за ваквата одлука разговарал со регионалните лидери преку видео конференциска врска.
Санчез денеска кажа дека владата ќе стори се’ што е неопходно во борбата против коронавирусот и предупреди дека „најлошото допрва доаѓа“.
Бројката на смртни случаи денеска се зголеми на 1 326 од 1 002 од вчера.