Пресвртот во натпреварот дојде во 116.минута кога фудбалерот Феран Торес ја затресе мрежата на Аргентина и ја донесе неговата шпанска репрезентација во предност

Фото: EPA/WILL OLIVER
Репрезентацијата на Шпанија е победник на Светското фудбалско првенство што се одржа во САД, Канада и Мексико .
Победата дојде откако ја победи репрезентацијата на Аргентина со резултат од 1:0.
Откако во регуларниот дел од натпреварот ниту една од репрезентациите не даде гол, се играа две продолженија од по 15 минути.
Едниот од клучните моменти на натпреварот беше во судиското продолжение од второто полувреме кога репрезентацијата на Аргентина остана со десет играчи откако Енцо Фернандез доби втор жолт картон за прекршок врз шпанскиот дефанзивец Пау Кубарси по што беше исклучен.
Во 96.минута на Шпанецот Нико Вилијамс му беше поништен гол поради прекршок над аргентинскиот голман Емилијано Мартинез.
Пресвртот во натпреварот дојде во 116.минута кога фудбалерот Феран Торес ја затресе мрежата на Аргентина и ја донесе неговата шпанска репрезентација во предност.
Потоа истиот играч постигна уште еден гол од контранапад, но тој беше поништен поради офсајд.
До крајот на натпреварот, Аргентинците имаа една шанса преку Симеоне во 120. минута, но топката заврши над голот на Унаи Симон.
Тоа беше само вториот удар кон голот на Симон што го упатија Аргентинците во повеќе од 120. минути.
За 90 минути Шпанија имаше 14 удари кон голот против Аргентина, погодувајќи ја целта девет пати, но не успеа да постигне гол.
Шпанија го освои Светското првенство по втор пат во својата историја откако тоа го направи и во 2010 година, изедначувајќи се со Франција и Уругвај по бројот на трофеи.
Големото финале на светското првенство се играше на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси.
Вчера, репрезентацијата на Англија ја победи Франција со 6:4 и за прв пат во историјата го освои третото место на Светските првенства во фудбал.
