Путин вчера рече дека ризикот од нуклеарна војна расте, но инсистираше на тоа дека Русија не „полудела“ и дека на сопствениот нуклеарен арсенал гледа како на чисто одбранбено одвраќање
Ризикот од употреба на нуклеарно оружје од страна на рускиот претседател Владимир Путин е намален поради меѓународниот притисок, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
Тој во интервју за Функе медија изјави дека војната во Украина продолжува и е брутална, иако е променета една клучна компонента, а тоа е крајот на заканата од нуклеарно оружје. Шолц рече дека и покрај длабоките поделби, важно е да се продолжи дијалогот со Кремљ.
„Правиме се што можеме за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО. Таков конфликт би имал само губитници – насекаде низ светот“,
рече Шолц.
Путин вчера рече дека ризикот од нуклеарна војна расте, но инсистираше на тоа дека Русија не „полудела“ и дека на сопствениот нуклеарен арсенал гледа како на чисто одбранбено одвраќање.