Не може оддеднаш да нема загадени денови, но многу е важно во грејните сезони кога е најголемо аерозагадувањето да успееме да го намалуваме бројот на загадени денови, што е нешто што трета година по ред нас ни се случува, рече денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Тој вели кога се зборува за аерозагадувањето не може да се гледа само вредноста на ПМ-10 честичките и тврди дека во просек загадените денови се намалени.
„Денеска имам лош маглив ден и би ве замолил заради коректноста да се однесува средната вредност на квалитетот на воздухот, а не само ПМ10 честичките. Денеска е маглив ден и нема природно движењето на воздухот. Ако ја разбирате проблематиката на загадениот Во просек имаме помалку загадени денови, но тоа никако не значи дека не е загадено, тоа уште помалку и значи дека треба да престанеме да работиме. Напротив треба вака посветено како што работевме изминативе три години да продолжиме и понатаму да работиме“,
порача Шилегов
На прес-конференцијата зборуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој посочувајќи ги контролите во Злокуќани и Бардовци рече дека има постојани инспекции за горење пластика и гуми на отворено.
Додаде дека за евентуални контроли во домовите требаат законски измени.
„Нашите инспекторати и градскиот инспекторат постапуваат на отворено. Дополнително што можеме да направиме заедно со Собранието во дел на законски измени или со Државниот инспекторат за животна средина за евентуални контроли во домовите. Меѓутоа, па и тука од друга страна имаше и субвенции за клима инвертери на сите кои ќумбињата на дрва ќе ги предадат“,
рече Богоев.
