Шестгодишно девојче од Тетово загина во сообраќајка која попладнево околу 18 часот се случила на булеварот „Видео Смилевски – Бато“.
Девојчето го загуби животот откако во неа удрил автомобил управувал од 30-годишен возач од село Фалише.
„Од ударот девојчето добило тешки телесни повреди на кои им подлегнало по пренесувањето во Клиничка болница во Тетово. Возачот учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка“,
информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Во тек е увид на местото на несреќата од страна на јавен обвинител и екипа на тетовската полиција.
