Девојчето, со симптоми на настинка, покачена температура и дијареја, било однесено од родителите на Педијатрија и, како што кажуваат блиски на семејството, тоа починало додека примало инфузија
Шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во битолската клиничка болница, јавува „Независен“.
Девојчето, со симптоми на настинка, покачена температура и дијареја, било однесено од родителите на Педијатрија и, како што кажуваат блиски на семејството, тоа починало додека примало инфузија.
Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.
Директорот на битолската клиничка болница, Александар Обедниковски, ја потврдил информацијата и изјавил дека во тек е обдукција за да се утврдат причините за смртта.