„Од анамнезата (податоци за поранешната здравствена состојба на болниот) има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи, наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим тропонин“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство, согласно извештајот од Комисијата за стручен надзор
Комисијата за стручен надзор при Лекарската комора утрврдила дека лекарите од Клиничката болница во Битола ги презеле сите потребни чекори во лекувањето на шестгодишната Јана Христовска од битолско Кравари, која почина на 22 март откако прими инфузија во битолската болница.
Се вели дека согласно податоците за поранешната здравствена состојба на девојчето, клиничкиот преглед и работната дијагноза, е преземен потребниот лекарски третман.
„Од анамнезата (податоци за поранешната здравствена состојба на болниот) има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи, наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин“,
се наведува во соопштението на Министерството за здравство, согласно извештајот од Комисијата за стручен надзор.
Се додава дека комплетниот извештај од Комисијата ќе биде проследен до Јавното обвинителство.
Претходно, по направениот вонреден инспекциски надзор во битолската Клиничка болница, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека не се констатирани недостатоци во лекарското постапување при лечењето на шестгодишното девојче.
Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела кажа дека за евентуална одговорност за смртта на малата Јана ќе се одлучува откако надлежните органи ќе ги утврдат сите факти за тоа што се случувало во битолската болница каде што почина шестгодишното девојче.