Едниот полицаец имал 26, а другиот 29 години. Покрај нив, убиен е и 58-годишен сосед, а по доаѓањето на полициското засилување, околу 22:30 часот по локално време биле убиени тројца осомничени, двајца мажи и една жена
Шест лица починаа, меѓу кои двајца млади полицајци, во престрелка во австралискиот град Виамбили во сојузната држава Квинсленд, соопшти полицијата. Престрелката се случила во понеделникот во попладневните часови.
„Штом полицајците пристигнаа на имотот, беа пречекани со пукање и немаа шанса. Двајца полицајци беа ладнокрвно егзекутирани“,
изјави претседателот на локалниот полициски синдикат Иан Ливерс.
Едниот полицаец имал 26, а другиот 29 години. Покрај нив, убиен е и 58-годишен сосед, а по доаѓањето на полициското засилување, околу 22:30 часот по локално време биле убиени тројца осомничени, двајца мажи и една жена. Нивниот идентитет не е објавен, но според дневниот весник „Аустралијан“, станува збор за локален учител, неговиот брат и сопругата на неговиот брат, сопственици на имотот каде што се случила трагедијата.
Австралискиот премиер Ентони Албанес ги опиша настаните во Виамбила како „ужасни“.
„Денес ни се скршени срцата за семејствата и пријателите на полицајците во Квинсленд кои ги загубија животите за време на својата должност“,
додаде Албанес.