Празниот пулт на Дурловски на дебатата, покажува колку и самите се свесни дека е празна понудата на ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека нема што да им понудат на граѓаните и докажува дека бегаат од сите ненарачани прашања и дуели, рече носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, Радмила Шекеринска, на дебатата пред парламентарните избори на 15 јули, на Телма.
Таа додаде дека во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ го плашеле народот со кантонизација и федерализација, а еве сега пак на рипит, го зборуваат истото, по две години државата не се се подели, системот остана ист.
„За само 2,5 години покажавме дека можеме во НАТО, исто така можеме во Европската унија“,
рече Шекеринска.
Според неа, главните прашања во земјата треба да бидат со социјални, економски и секакви други проблеми, како минималната плата, минимална пензија, што им се нуди на жените во земјата или колку брзо ќе одиме кон ЕУ, наместо пола од дебатите да се трошат на прашања кои не ги засегаат граѓаните.
„Низ ИЕ5 се сретнав со многу луѓе и Македонци и Албанци и сите други, еден не ми го постави ова прашање бидејќи ДУИ да мислеше дека Насер Зибери треба да биде премиер слоганот ќе беше ‘Насер Зибери зошто не?’, а не фигура која што ќе биде недефинирана освен со етничката припадност“,
рече Шекеринска.