СДСМ информира дека носителот на петтата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Игогр Дурловски, денеска по третпат одбегнал телевизиско соочување во нивната носителка на истата изборна единица, Радмила Шекеринска.
„Со тоа Дурловски покажа дека се плаши од дебата со носителката од СДСМ Радмила Шекеринска. Можеби на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дурловски му е полесно да ги искажува своите ставови во толпа и да хушка кон насилно влегување во Собранието и физички напад врз Шекеринска отколку да застанат лице в лице и да ги спротивстават своите ставови“,
велат од СДСМ.
Тие сметаат дека бегството од соочување е потценување на граѓаните од Битола, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Крушево и другите општини во ИЕ 5 кои Дурловски сака да ги претставува.
„Со откажувањето на учество во дебати Дурловски покажува и како ја сфаќа демократијата и односот кон граѓаните и медиумите. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое може да ги обнови само стравот, насилството и медиумскиот молк“,
велат од СДСМ.